Грција на стартот на Светското првенство во Бразил доживеа дебакл, Колумбија славеше со високи 3:0.
По само пет минути игра, Пабло Армеро ја затресе противничката мрежа за рано водство и огромно славје на Колумбијците.
Во 58. минута Теофило Гутиерез ја погоди небранетата мрежа за 2:0.
Печат на победата на Колумбиците стави напаѓачот на Монако Џејмс Родригез, кој беше прецизен во судиското продолжение од регуларните 90 минути.