Фудбалерите на Челзи потешко од очекувањата стигнаа до трите бода против Стоук, остварувајќи минимална победа од 1:0 во 5. коло од Премиер лигата.
„Сините“ долго време одолеваа, но победникот беше решен на пет минути пред крај кога Ешли Кол на додавање од Мата успеа да го совлада Беговиќ и да го постигне својот прв гол по две години.
Премиер лига, 5. коло:
- Свонси – Евертон 0:3 (0:2)
(Аничебе 22, Миралас 43, Фелаини 82)
- Саутемптон – Астон Вила 4:1 (0:1)
(Ламберт 58,94п, Клајн 63, Панчон 72 – Бент 36)
- ВБА – Рединг 1:0 (0:0)
(Лукаку 71)
- Вест Хем – Сандерленд 1:1 (0:1)
(Нолан 90+2 – Флечер 9)
- Виган – Фулам 1:2 (0:1)
(Аруна Кoне 90+1 – Родаљега 31, Даф 68)
- Челси – Стоук 1:0 (0:0)
(Ешли Кол 85)
Недела:
- 14:30 Ливерпул – Манчестер Јунајтед
- 16ч Њукасл – Норич
- 17ч Манчестер Сити – Арсенал
- 17ч Тотенхем – КПР