Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо често има проблем во избегнување на неговите фанови, посебно со обожавателките, a една од нив е и бразилскиот модел Андерса Урах.
Многу девојки се обидувале да дојдат до најдобриот фудбалер на светот, а бразилската ѕвезда е една од ретките која успеа да влезе во кампот на репрезентацијата на Португалија во Кампинасу.
Наместо со дрес, таа беше гола и обоена во боите на португалското знаме, а на градите го носеше бројот на Роналдо, славната „седмица“.
Бразилката минатата година тврдела дека поминала една ноќ со Роналдо пред натпреварот на Реал Мадрид со Борусија Дортминд во Лигата на шампиони, а сега ја искористи приликата повторно да се појави во јавноста.