ВИДЕО: Брајант го забележа 21. „трипл дабл“

Од:

Ѕвездата на Лејкерси Коби Брајант по 21.ви пат во кариерата запиша „трипл – дабл“. Тој ноќеска на дуелот со Денвер на гости постигна 23 поени, со по 11 скокови и асистенции, откако претходно пропушти три натпревари на својот тим поради одмор.

Брајант е вториот највозрасен играч (36 години и 129 дена) со ваков ефект, единствено Тим Данкан е пред него со 38 години и 224 дена кога против Мемфис имаше „трипл дабл“ – 14 поени, 10 скокови и 10 асистенции.

Резултати на ноќешните натпревари: Денвер – ЛА Лејкерс 103:111, Орландо – Детроит 86:109, Атланта – Кливленд 109:101, Чикаго – Бруклин 82:96, Мемфис – Сан Антонио 95:87, Њу Орлеанс – Феникс 110:106, Далас – Вашингтон 114:87, Јута – Минесота 100:94, Портланд – Торонто 102:97 (продолжение), Голден Стејт – Филаделфија 126:86.

Вечерва се играат седум натпревари: Бостон – Сакраменто, Индијана – Мајами, ЛА Клиперс – Њујорк, Хјустон – Шарлот, Кливленд – Милвоки, Сан Антонио – Њу Орлеанс и Оклахома Сити – Феникс.

Пласман Источна конференција: Торонто 24-8 (победи-порази), Атланта 23-8, Вашингтон 22-9, Чикаго 22-10, Кливленд 18-13, Милвоки 16-16,…

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 25-5, Портланд 26-7, Мемфис 23-8, Хјустон 21-9, Далас 23-10, ЛА Клиперс 21-11, Сан Антонио 19-14, Феникс 18-15,… 

Би можело да ве интересира

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

Орце Костов

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он

Тренерот на Минесота опериран – незивесно дали го пропушта стартот на серијата против Денвер

Предраг Петровиќ

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ