Американскиот боксер Теренс Крафорд ги обедини појасите во полусредна категорија.
Теренс Крафорд е сопственик на сите појаси во полусредна и средна категорија и стана првиот борец во историјата што го направил тоа.
Тој синоќа го победи Ерол Спенс и од 40 натпревари во кариерата ги освои сите 40, што го рангира на самиот врв на овој спорт.
Ерол Спенс успеваше да го растресе Крафорд, но Теренс стана и три пати го фрли Спенс во нокдаун, особено во седмата рунда кога беше јасно колку е „растресен“ Ерол Спенс.
Спенс се трудеше колку што можеше, обидувајќи се да го сврти натпреварот во своја полза, но поразителните удари по глава и телото го однесоа Крафорд до победа.
Судијата го прекина мечот и откако Спенс беше целосно претепан, победата со технички нокаут му беше припишана на Теренс Крафорд, кој е боксерскиот крал на денешницата.