Возачот на Марусија, Жил Бјанки, во бессознание бил хоспитализиран по несреќата што ја имаше во 44-от круг на трката за Големата награда на Јапонија, пренесе Макфакс.
До тешката несреќа дошло кога Бјанки странично удрил во кранот што се наоѓал крај патеката и го кревал болидот на Адријан Зутил, кој во претходниот круг излета од патеката, поради што на пистата во Сузука излезе безбедносното возило.
Jules Bianchi Crash Suzuka F1 2014 from Ivan Who on Vimeo.
Подетални информации за состојбата на францускиот возач нема, единствено се знае дека по несреќата тој не одговарал на прашањата на тимот.
Светската автомобилистичка федерација (ФИА), веднаш по инцидентот објави дека Бјанки во бессознание веднаш бил префрлен во болница, без да соопшти повеќе детали.