Фудбалерот Марио Балотели е познат како контроверзна личност, која со своите постапки надвор од терените често предизвикува повеќе реакции во јавноста, отколку со своето фудбалско умеење.
Во последниот ексцес, тој за време на програма во живо на италијанска телевизија, одговори на прашање околу бразилската манекенка Дајан Мело, учесничка во италијанската верзија на риалити-шоуто „Големиот брат,“ со која фудбалерот имал куса врска.
Прашањето на водителот беше дали таа доаѓала кај него дома, а одговорот ја шокира не само Мело, која беше присутна во публиката, туку и целата италијанска јавност. Балотели рече „Да, но таа велеше: Престани, престани, ме боли,“ по што продолжи да се смее на својот неџентлменски одговор.
Ma sì, non diciamo nulla perché tanto è Balotelli #GFVip pic.twitter.com/kBIu06y6Dd
— capatesuspigolo (@nonecapate) October 23, 2020
Познато е дека Италијанецот не е човек којшто го краси некоја посебна култура, но последната „сељачка“ изјава ги зачуди дури и новинарите на Апенинскиот Полуостров.