ВИДЕО: Австралиски адвокат вели дека Ѓоковиќ ќе игра на Австралија Опен

Од:

Шансите на Новак Ѓоковиќ да игра на Австралија Опен се 60/40 вели познат австрлиски адвокат. Џастин Куил ја коментираше ситуацијата во која Ѓоковиќ ја очекува одлуката на тричлениот совет на судењето кое е закажано за вечерва по средноевропско време.

„Поприлично сум уверен дека Ѓоковиќ ќе добие привремена забрана за депортација што значи дека ќе може да игра. Тој само треба да докаже дека постои цврст основ за повторена судска постапка. тоа значи дека во следните неколку седмици, па дури и месеци, не може да биде депортиран додека не се реши неговиот случај“ – објаснува адвокатот.

Австралиската влада вторпат му ја укина визата на Ѓоковиќ. судењето вечерва ќе треба да даде исход од војната која трае од негвото влегување во Австралија на 7. јануари. Суедњето Ѓоковиќ го очеува во имиграциски притвор, повторно во хотелот „Парк“.

Би можело да ве интересира

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Монте Карло

Ѓоковиќ: Иванишевиќ ми е доживотен пријател, не знам кој ќе го замени

После пет години: Ѓоковиќ и Иванишевиќ ја прекинаа соработката

Ѓоковиќ: Морам да ги балансирам приватниот и професионалниот живот, ќе се вратам во Мајами

ВИДЕО: Индијан Велс заврши за Ѓоковиќ, елиминиран е од 20-годишен Италијанец

Новак Ѓоковиќ откри кога ќе ја заврши кариерата