ВИДЕО: Атланта загуби по серија од 19 победи

Од:

Екипата на Атланта ноќеска загуби со 115:100 од Њу Орлеанс на гости и со тоа ја прекина серијата од 19 победи.

За тимот на Атланта ова е само трет пораз на 36 натпревари и воедно Атланта не е повеќе на позицијата број 1 во лигата.

Антонио Дејвис во екипата на Њу Орлеанс беше најдобриот играч со 29 поени и 13 скокови, додека Омер Ашик имаше 17 скокови кај победничката екипа.

Кај Атланта Џеф Тиг со 21 поен беше најдобар стрелец.

На другите НБА натпревари беа постигнати следниве резултати: Кливленд – Филаделфија 97:84, Вашингтон – Чикаго 88:92, Бруклин – ЛА Клиперс 102:100, Торонто – Милвоки 75:82, Оклахома Сити – Орландо 104:97, Далас – Минесота 100:94 и Феникс – Мемфис 101:102.

Пласман Источна конференција: Атланта 40-9 (победи-порази), Торонто 33-16, Вашингтон 31-18, Чикаго 30-19, Кливленд 30-20, Милвоки 26-22,…

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 37-8, Мемфис 36-12, Хјустон 33-15, Портланд 32-16, ЛА Клиперс 33-16, Далас 33-17,…

Би можело да ве интересира

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он

Тренерот на Минесота опериран – незивесно дали го пропушта стартот на серијата против Денвер

Предраг Петровиќ

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите