Фудбалерите на Манчестер Јунајтед забележаа победа во дерби средбата против Арсенал, одиграна во рамките на 10. коло во Премиер лигата.
„Црвените ѓаволи“ победија со 2:1 со головите на Ван Перси, кој против својот поранеше клуб го постигна деветтиот гол во првенството и Евра. Казорла во судиското надополнување го ублажи поразот..
Натпреварот на „Олд Трафорд“ мина во целосна доминација на избраниците на Алекс Фергусон, кои само во првото полувреме промашија две изгледни шанси. Арсенал во поголемиот дел од натпреварот делуваше анемично без идеја како да го загрози голманот Де Хеа.
Арсенал натпреварот го заврши со играч помалку, поради два жолти картони беше исклучен Вилкшир.