Фудбалерите на Арсенал останаа без можност за освојување на некаков трофеј оваа сезона, откако денес беа елиминирани од второлигашот Блекбурн во Англискиот Куп.
Единствена надеж на „пулените“ на Венгер за некаков трофеј останува во Лигата на Шампионите, но таму ќе мора да ги одмерат силите со Баерн Минхен, уште во осмина-финалето, па шансите за титула во тоа натпреварување се навистина мали.
Инаку во денешниот меч, многу бледа игра на фудбалерите на Арсенал која беше казнета од гостинскиот тим, кој преку Казим Ричардс успеа да постигне гол и да го затиши „Емирати“.
Така верните фанови на „топџиите“ останаа покуси за уште една шанса за освојување на некаков трофеј оваа година, а најголем виновник за овој неуспех е Арсен Венгер кој тактизираше со составот, па откако виде дека не оди, во 70-тата минута направи тројна измена, внесувајќи ги во игра Казорла, Вилшер и Волкот, кои не успеаја за 20 минути да му донесат триумф на својот тим.