(ВИДЕО) Алкараз го освои Ротердам: Шпанецот го победи Де Минор и ја освои 17-та титула во кариерата

Од:

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз ја освои титулата на АТП турнирот во Ротердам, откако во финалето го совлада Австралиецот Алекс Де Минор со резултат 2:1 (6:4, 3:6, 6:2). Во мечот кој траеше речиси два часа, Алкараз го победи Де Минор по трет пат во кариерата и ја освои својата прва титула во сала, вкупно 17-та во кариерата.


Шпанецот по голема борба успеа да го освои првиот сет. Направи брејк во третиот гем, но Де Минор возврати во осмиот за израмнување на 4:4. Сепак, Австралиецот не успеа да го потврди брејкот, бидејќи Алкараз го зеде следниот гем, по што славеше со 6:4 и на тој начин поведе со 1:0.

Де Минор одигра многу подобро во вториот сет, во кој направи само еден брејк, но тоа беше доволно за да победи со 6:3 и со тоа да го израмни мечот. Сепак, сета своја доминација Алкараз ја покажа во последниот трет сет, победувајќи со 6:2 и со тоа освои нова титула во кариерата.

Шпанецот на тој начин го симна од тронот Јаник Синер, кој минатата година славеше во Ротердам.

Би можело да ве интересира

Алкараз го победи Синер за титулата на УС Опен и првото место на АТП ранг-листата

Ново Грен слем финале Синер – Алкараз, Шпанецот го елиминираше Ѓоковиќ

А1он

Ѓоковиќ го победи Фриц и обезбеди полуфинале на УС Опен против Алкараз

ВИДЕО: Јаник Синер го освои Вимблдон

Алкараз убедлив против Нори за полуфинале на Вимблдон

Алкараз се пласираше во осминафиналето на Вимблдон