Вест Хем започна преговори за нов договор со тренерот Дејвид Мојс, објави „Скај Спорт“.
Според изворот, управата е задоволна од резултатите на тимот и сака да го задржи 57-годишниот специјалист, чиј сегашен договор важи до крајот на сезоната 2020/21.
По 10 кола од англискиот фудбалски шампионатот, Вест Хем се наоѓа на 5. место во поредокот со 17 бода.