Верстапен започнува од дното на Монца

Од:

Макс Верстапен најверојатно ќе го започне италијанското Гран-при во недела од дното на колоната поради новата спецификација на моторот на Хонда, кој е четврт, со само 3 дозволени според правилата.

Минатиот петок во „Спа“, Алекс Албон ја искористи новата верзија, по што тимот се врати кон постара верзија за сабота и недела. Сепак, Данил Квјат од Торо Росо цело време го користел новиот мотор и собрал многу податоци.

– Многу е веројатно дека Макс ќе има промена на моторот и соодветна казна. Конечно ќе решиме подоцна во текот на неделата, откако ќе разговараме за работите со Хонда. Сепак, податоците што ги имаме се многу охрабрувачки, рече Кристијан Хорнер.

Самиот Верстапен, кој испадна рано во Белгија, воопшто не е загрижен, бидејќи надминувањата на Монца се лесни, па тој може брзо да го пробие својот пат напред во колоната.

– Мислам дека започнувањето од дното на оваа патека не е голем проблем. Можеби нема да стигнеме до Топ 4, бидејќи Ферари е многу брз, но можеме да се справиме со сите други, рече Холанѓанецот.

Би можело да ве интересира

Хамилтон: Ме немаше. Сега се вратив

Ана Ололовска

Во Формула 1 вакцините против Ковид станаа задолжителни

А1он

Еклстоун: Нема луѓе како Раиконен во Ф1, сите станаа како роботи

Ана Ололовска

Доменикали: Се надевам на продолжување на битката Верстапен – Хамилтон, но сметам и на други тркачи

Ана Ололовска

Биното: Кој ќе биде прв возач на Ферари ќе биде одлучено на патеката

Ана Ололовска

Нико Розберг бара промени во Формула 1

А1он