Верстапен: Јас едноставно немав среќа

Од:

Пилотот на Ред бул, Макс Верстапен се жалеше на лошата среќа во квалификациите за трката во Формула 1 која вечерва ќе се вози за Големата награда на Канада.

Холанѓанецот не можеше да влезе во третиот сегмент, бидејќи кога направи брз обид со меки гуми, се случи несреќа кај Кевин Магнусен, поради што квалификацииите беа прекинати.

– Имаше црвено знаме и тогаш ништо не можеш да сториш. Се обидовме да стигнеме до третиот сегмент на просечниот тип на гума, но не успеа. Затоа, се префрливме на меки гуми. Имав само еден обид. Не се сомневам дека би бил во третиот стартен ред ако го имав завршено кругот. Но, сега можеме да избереме секаков вид гума. Ова е позитивен фактор. Ќе морам да се пробивам. Ние немаме брзина на Ферари и Мерцедес, но се надевам дека ќе бидеме блиску до нив, изјави верстапен.

Холанѓанецот трката ќе ја почне од деветтата позиција.

Би можело да ве интересира

Хамилтон: Ме немаше. Сега се вратив

Ана Ололовска

Во Формула 1 вакцините против Ковид станаа задолжителни

А1он

Еклстоун: Нема луѓе како Раиконен во Ф1, сите станаа како роботи

Ана Ололовска

Доменикали: Се надевам на продолжување на битката Верстапен – Хамилтон, но сметам и на други тркачи

Ана Ололовска

Биното: Кој ќе биде прв возач на Ферари ќе биде одлучено на патеката

Ана Ололовска

Нико Розберг бара промени во Формула 1

А1он