Верстапен брзо ќе одлучи дали ќе остане во Ред Бул

Од:

Една или две трки од сезоната 2020 ќе бидат доволни за Макс Верстапен да одлучи дали сака да остане на Ред Бул во 2021 година. Ова е мислењето на поранешниот пилот на тимот Роберт Доорнбос.

Следната, 2020 година е последна од договорот на Верстапен, а тој веќе навести дека ќе бара место во побрз тим.

– Ништо нема да се промени во 2020 година. Макс сè уште не може да оди никаде. Тој практично има избор помеѓу две екипи или три, ако го додадеме Мекларен. Тие одлично се развиваат и повторно ќе бидат сериозен тим кога ќе ги вратат моторите на Мерцедес. Важно е Ред Бул да го развива автомобилот што е можно побрзо оваа наредна зима. Макс ќе сака да види силен автомобил за да биде склон да остане. Тој ќе може да ги чувствува нештата за еден или два тркачки викенди и врз основа на тоа ќе ќе донесе одлука многу брзо, рече Доорнбос.

Би можело да ве интересира

Хамилтон: Ме немаше. Сега се вратив

Ана Ололовска

Во Формула 1 вакцините против Ковид станаа задолжителни

А1он

Еклстоун: Нема луѓе како Раиконен во Ф1, сите станаа како роботи

Ана Ололовска

Доменикали: Се надевам на продолжување на битката Верстапен – Хамилтон, но сметам и на други тркачи

Ана Ололовска

Биното: Кој ќе биде прв возач на Ферари ќе биде одлучено на патеката

Ана Ололовска

Нико Розберг бара промени во Формула 1

А1он