Велосипедски крос на велешките екологисти

Од:

По повод 21 Март – Ден на пролетта и на екологијата, Еколошкото друштво „Вила Зора“ денеска организираше еко-велосипедски крос „Tour de Veles“, кој почна на плоштадот Сармаале во Велес. Кросот се одржа под мото „Бараме велодипедска патека за Велес“.

Претседателот на ЕД „Вила Зора“ Ненад Коциќ изјави дека 12-тиот еко-крос го  одржуваат самостојно, по една година пауза поради прекинување на подршката од Општина Велес минатата година.

– Целта на кросот е да ја подигнеме свеста на граѓаните за редовно возење на велосипедот како превозно средство Воедно, од локалната власт бараме  да изгради и велосипедска патека за безбедно возење на велосипедистите. До велешани праќаме порака што повеќе да го користат велосипедот како еколошко и економски најисплатливо превозно средство, рече Коциќ.

Локалната власт во повеќе наврати за медиумите најавуваше изградба на велосипедска патека во Велес и неговата околина. Една од локациите за изградба беше и крајбрежјето на велешкото Езеро „Младост“.

Би можело да ве интересира

Загина познат велосипедист – го прегази камион на тренинг

Предраг Петровиќ

Крадци им ги украле велосипедите на светски велосипедски ѕвезди

Горан Наумовски

Паравелосипедист без две раце освои светска титула, му подарија рачен часовник

Историски успех за македонскиот велосипедизам: Елена Петрова освои подиум во Хрватска и обезбеди пласман на Светското Gran Fondo првенство

Ана Ололовска

Четиринаесет здруженија на велосипедисти основаа Сојуз на велосипедски здруженија на Македонија во Неготино

Ана Ололовска

Евенепел ја освои Вуелта Еспања

Горан Наумовски