Велосипедска и пешачка тура Маврово 3013

Од:

Во Маврово денеска ќе се одржи велосипедска и пешачка тура „Тура Маврово 2013“. Покрај рекреативната тура околу езерото ќе се организира и професионален маратон и полумаратон, како и дополнителни активности.

Ќе биде организирана лотарија со многу интересни награди, како што се велосипед, викенди за двајца, ручек за двајца во дел од Мавровските ресторани, годишна риболовна дозвола… Сите ќе можат да учествуваат во лотаријата со купување на посебно дизајнираната маичка или купоните за лотарија. Секој што ќе ја носи маичката Маврово тура 2013 ќе има слободен влез во пештерата Шаркова дупка и жичарницата.

Пазарот што ќе биде поставен на Плоштадот Маврово ќе биде отворен во текот на целиот ден за сите што ќе сакаат да купат некој сувенир или домашно приготвена храна. Доколку сте од регионот на Маврово и би сакале да продавате домашно изработени производи ве молиме да контактирате со организаторите.

Маврово турата беше за прв пат организирана во 2009 година, како иницијатива на Амбасадата на Кралството Холандија, Општината Маврово и Ростуше и Националниот парк Маврово. Целта на оваа тура е да се промовира велосипедизмот, здравиот начин на живот и туризмот во регионот на Маврово. Сите хотели околу Мавровското езеро и Велосипедската федерација на Македонија ја поддржаа оваа иницијатива.

Би можело да ве интересира

Загина познат велосипедист – го прегази камион на тренинг

Предраг Петровиќ

Крадци им ги украле велосипедите на светски велосипедски ѕвезди

Горан Наумовски

Паравелосипедист без две раце освои светска титула, му подарија рачен часовник

Историски успех за македонскиот велосипедизам: Елена Петрова освои подиум во Хрватска и обезбеди пласман на Светското Gran Fondo првенство

Ана Ололовска

Четиринаесет здруженија на велосипедисти основаа Сојуз на велосипедски здруженија на Македонија во Неготино

Ана Ололовска

Евенепел ја освои Вуелта Еспања

Горан Наумовски