Велкоски и Божиновски дополнително повикани во А – репрезентацијата

Од:

Напаѓачот на босанскиот првак Сараево, Крсте Велкоски и голманот на Работнички, Даниел Божиновски се дополнително повикани од македонскиот селектор Љубинко Друловиќ за натпреварите од евро-квалификациите.

Велкоски не се најде на првичниот список од 21. фудбалер, кој Друловиќ го објави во петокот, сега доаѓа како замена за Јован Костовски, напаѓачот на белгиски Левен кој во саботата го повреди рамото и ќе паузира еден месец.

Покрај Велкоски, во тимот е повикан и голманот Даниел Божиновски, кој по декември 2012 година, повторно е дел од репрезентацијата, тогаш беше во тимот за пријателскиот меч со Полска во Анталија.

Македонија ќе игра со Луксембург на 5. септември на гости, а три дена подоцна и со Шпанија во Скопје, во рамки на квалификациите за ЕУРО 2016.

Подготовките за овие мечеви почнуваат со собирот идниот понеделник.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска