На езерото „Младост“ денеска ќе се одржи Велешкиот пливачки маратон кој годинава станува меѓународен со учество на пливачи од Бугарија, Србија, Косово и Турција.
Натпреварите ќе се одвиваат во три категории – трка на 2,5 километри, трка на на 5 км и олимписка дисциплина на 10 километри во машка и женска конкуренција.
Маратонот се одржува под покровителство на општина Велес, а организатори се здруженијата „Клуб 28“, КК „Бабуна“ и Националната пливачка федерација.
Според Горан Стојановски од Националната прливачка федерација, годинава маратонот е организиран на највисоко ниво. На него, како што изјави, ќе учествуваат најдобрите пливачи од земјава, а обезбедени се и парични награди и признанија кои ќе бидат доделени во 15 часот.
– За догодина ќе предложам Велешкиот пливачки маратон да влезе во Фино Светската серија за маратони, а тоа за него ќе значи да учествуваат звучни имиња од маратонското пливање во светски рамки, изјави Стојановски.
За време на маратонот ќе бидат ангажирани 30 спасители на вода од Велес и Скопје, а ќе има и спасители на вода од Бугарија. Поддршка на маратонот ќе даваат и 20 кајакари од КК „Бабуна“ од Велес“. Пред натпреварите, лекарска екипа ќе ја проверува и здраствената состојба на натпреварувачите.
Велешкиот пливачки маратонот годинава ќе биде посветен на неодамна починатиот др Милчо Трајков кој беше претседател на Црвениот крст и поддржувач на маратонот и на спортот.