Дерби натпреварот од 19. коло во Првата македонска фудбалска лига меѓу Пелистер и Вардар одигран попладнево во Битола заврши без победник и без постигнат гол 0:0.
Дуелот помина без многу возбудување, двете екипи играа претпазливо и освен неколкуте полушанси не беше создадена стопроцентна ситуација за гол.
Трибините на стадионот во Битола не беа исполнети, присуствуваа околу 4.000 гледачи главно навивачи на Пелистер, бидејќи гостинските не допатуваа незадоволни од одлуката мечот планиран за во неделата да се одигра во работен ден.
На вториот денешен натпревар од 19.коло во ПМФЛ, Напредок како гостин ја совлада Брегалница со 1:0.
Резултати на натпреварите одиграни викендот:
Работнички – Хоризонт Турново 2:0
Металург – Тетекс 0:0
Силекс – Дрита 4:0
Средбата Шкендија – Ренова е одложен.
Табела: Вардар 39 бодови, Хоризонт Турново 35, Напредок 34, Металург 32, Шкендија 29, Брегалница 24, Работнички 24, Дрита 23, Ренова 21, Пелистер 20, Силекс 18 и Тетекс 13.