Возачот на Red Bull, Марк Вебер, ужива во тркањето на патеката Јес Марина, каде што овој викенд ќе се вози Големата Награда на Абу Даби.
„Ми се допаѓаат елементите на зајдисонцето во оваа трка – стартувајќи дење, финиширајќи ноќе. Објектите на патеката се светска класа. Што се однесува до патеката, потребна ви е многу добра тракција – има спори и комплицирани свиоци, а исто така и многу брзи правци”, рече Вебер.
„Во текот на трката има одлична атмосфера, а исто така изгледа и многу добро преку малите екрани за фановите кои што ја следат од дома. Тоа е феноменален спектакл и со нетрпение очекувам да се тркам таму”, додаде Вебер.