ВБА поуспешна од новиот првак Челзи

Од:

Фудбалерите на ВБА постигнаа победа на последниот натпревар од 37. коло од Премиер лигата откако пред своите навивачи синоќа го победија новиот првак Челзи со 3:0.

Два гола постигна Саидо Берахино во 9. минута и во 47. минута од пенал, а еден Крис Брунт во 60. минута. Челзи натпреварот го заврши со десет играчи откако беше исклучен Цеск Фабрегас.

Резултати од 37. коло: ВБА – Челзи 3:0, Манчестер Јунајтед – Арсенал 1:1, Свонси – Манчестер Сити 2:4, Ливерпул – Кристал Палас 1:3, Барнли – Стоук 0:0, КПР – Њукасл 2:1, Сандерленд – Лестер 0:0, Тотенхем – Хал 2:0, Вест Хем – Евертон 1:2, Саутемптон – Астон Вила 6:1.

Утре се игра одложениот натпревар од 33. коло меѓу Арсенал и Сандерленд.

Табела: Челзи 84 бодови, Манчестер Сити 76, Арсенал 71, Манчестер Јунајтед 69, Ливерпул 62, Тотенхем 61, Саутемптон 60,…

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска