Ватерполо репрезентациите на Црна Гора и на Србија изборија пласман во полуфиналето на ватерполо турнирот на Игрите во Рио, елиминирајќи ги првопласираните селекции од групите Унгарија и Шпанија.
Во првото четвртфинале Црна Гора по изведувањето пенали ја победи Унгарија. Во регуларниот дел натпреварот заврши 9:9, а на пенали беше 4:2 за Црна Гора. Во полуфиналето Црна Гора ќе игра против победникот од дуелот Бразил – Хрватска.
Во вториот четвртфинален дуел европскиот и светски шампион Србија ја совлада Шпанија со 10:7. Репрезентацијата на Србија во текот на целиот натпревар имаше контрола над резултатот. Србија во полуфиналето ќе игра со победникот од четвртфиналето меѓу Грција и Италија.
Вторите два четвртфинални дуели се играат вечерва: Бразил – Хрватска (почеток 20:10 часот) и Грција – Италија (21:30 часот).
Од другите екипини спортови досега завршија неколку натпревари. Во четвртфиналето кај кошаркарките, Србија направи изненадување и ја совлада досега непорзената Австралија со 73:71.
Холандија ќе има две полуфинални селекции во женските спортови. Ракометарките го победија домаќинот Бразил со 32:23, а одбојкарките беа подобри од Јужна Кореја со 3:1 во сетови.