Тркачот Карстен Вархолм постави нов светски рекорд на 400 метри со пречки на Дијамантската лига во Осло.
Норвежанецот патеката ја помина со време 46,70 секунди. Претходниот рекорд (46,78 секунди) го постави Американецот Кевин Јанг во 1992 година.
Вархолм (25) е двократен светски и европски шампион.