Шампионот Вардар ја прекина серијата од четири победи во Првата лига, откако попладнево загуби на гостувањето кај Победа со 1:0. Стрелец на голот за Победа вреден триумф над големиот фаворит беше Дарко Илиески во 77.минута.
Киксот на црвено-црните го искористи лидерот Шкендија убедливо го совлада Шкупи и ја зголеми бодовната предност на врвот на табелата.
Резултати на натпреварите од 11.коло во Првата македонска фудбалска лига:
Скопје – Академија Пандев 1:1,
Победа – Вардар 1:0,
Работнички – Пелистер 2:0,
Шкендија – Шкупи 4:1 и
Силекс – Ренова 0:0.
Табела: Шкендија 28 бода, Вардар 19 (2 натпревара помалку), Академија Пандев 18 (натпревар помалку), Силекс 15, Пелистер 12, Шкупи 12, Победа 12, Ренова 11, Работнички 10 (натпревар помалку) и Скопје 6.