Вардар убедливо поразен од Магдебург во финалето на „Хумел купот“

Од:

Македонскиот ракометен првак Вардар остана и без вториот од можните три трофеја досега во претсезоната 2021/22. „Црвено-црните“ попладнево загубија од Магдебург со убедливи 31:20 во финалето на „Хумел купот“.

Домаќинот на турнирот, до победата стигна со подобра игра во второто полувреме. По првите 30 минути водството на германскиот клуб беше само еден гол (12:11). Вториот дел донесе нова слика на теренот и по само пет минути, предноста на Магдебург изнесуваше пет погодоци. До крајот на мечот, водството на домаќините се зголемуваше до конечни двоцифрени 11 гола.

Од почетокот на подготовките ова лето, Вардар го загуби и македонскиот Сперкупот од Еурофарм Пелистер, но им се реваншира на битолчани на „Струшкиот турнир“.

Доколку сакаат поголем успех, Вардарци ќе мора да ја подобрат формата и да се прикажат во подобро издание на 26 август за кога е закажан првиот дуел од четвртфиналната пресметка во СЕХА-лигата со ППД Загреб.

Би можело да ве интересира

Борко Ристовски е нов извршен директор на РК Вардар, Столе Стоилов помошник тренер

ВИДЕО: Полицаец со пендрек го удри репрезентативецот Филип Талески

Ана Ололовска

ВИДЕО: Инциденти на ракометно дерби, прекинат натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер

Горан Наумовски

Манасков се врати во Вардар

Дибиров: Сакав да останам во Вардар, но ситуацијата стана мачење

Вардар не го дава ракометниот трон на Македонија

Катерина Ѓуровски