Натпреварите од 5. коло во Првата македонска фудбалска лига беа одиграни попладнево.
Дерби натпреварот се одигра на арената „Филип Втори“ во Скопје, а во него шампионот Вардар со голот на Адемовиќ во 15. минута ја совлада Брегалница со 1:0.
Неизвесно беше и во Битола, каде Пелистер и Металург одиграа нерешено 2:2, иако двата тима по еднаш имаа предност.
Со ист резултат 2:2 заврши и натпреварот Шкеднија – Работнички, а најубедливата победа ја оствари Напредок кој во Кичево со 3:0 го победи Гостивар.
Изненадување направи Македонија која на стадионот во Ѓорче Петров до првата победа сезонава стигна со триумфот над Хоризонт Турново со 2:1
Единствената гостинска победа ја забележа Ренова во дуелот со Еуромилк кој го совлада со 2:1.
Табела: Хоризонт Турново 10 бодови, Брегалница 10, Вардар 8, Ренова 8, Пелистер 8, Металург 7, Работнички 6, Еуромилк 5, Напредок 5, Шкендија 4, Гостивар 4 и Македонија Ѓ.П.