Вардар и Шкупи утре играат на стадионот „Ѓорче Петров“

Од:

Првиот осминафинален натпревар од Купот на Македонија меѓу Вардар и Шкупи ќе се одигра утре на стадионот „Ѓорче Петров“. Овој дуел нема да се игра на Националната Арена „Филип Втори“ со цел да се сочува теренот на Арената за натпреварот од Лига Европа што Вардар ќе го игра со Розенборг на 7. декември.

Почетокот на утрешниот натпревар меѓу Вардар и Шкупи е во 13 часот, додека реванш дуелот овие две екипи ќе го одигра на 17. декември на стадионот „Чаир“.

Победникот од овој двомеч во четвртфиналето на Купот на Македонија напролет ќе игра со ланскиот финалист Шкендија. По денешните реванш четвртфинални дуели пласман во полуфиналето обезбедија: Академија Пандев, Ренова и бранителот на трофејот Пелистер.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска