Вардар и Шкупи одиграа нерешено 1:1, попладнево во Ѓорче Петров на првиот дуел од осминафиналето на фудбалскиот Куп на Македонија.
Стрелец на голот за Шкупи е Ален Јашароски во 8. минута, Вардар изедначи преку Тигран Барсегјан во 59. Минута.
Возвратниот меч од осминафиналната пресметка е закажан за 17 декември на Чаир.
По реваншите на три од четирите реванш четвртфинални натпревари пласман во полуфиналето вчера обезбедија Академија Пандев, Пелистер и Ренова.
Последниот полуфиналист ќе биде познат по четвртфиналната пресметка меѓу Шкендија и победникот од двомечот Вардар – Шкупи.