Фудбалерите на Вардар повторно се лидери на табелата во Првата македонска фудбалска лига, откако вечерва на „Филип Втори“ во Скопје ја совладаа Ренова со 3:0 и го симнаа Хоризонт Турново од првата позиција.
Головите за „црвено – црните“ ги постигнаа Златко Таневски, Губадиа и Остоја Стјепановиќ.
На другите три денешни натпревари од 15.коло постигнати се следниве резултати: Металург – Хоризонт Турново 1:1, Шкендија – Брегалница 0:3 и Силекс – Напредок 0:2. Вчера Пелистер – Работнички 1:0, а во петокот со ист резултат Дрита го совлада Тетекс.
Табела: Вардар 31 бод, Хоризонт Турново 30 бодови, Шкендија 27, Напредок 26, Металург 24, Брегалница 23, Дрита 23, Работнички 17, Ренова 17, Пелистер 15, Силекс 12 и Тетекс 6.