Вардар против Стеауа во квалификациите за Лигата на шампионите

Од:

Македонскиот фудбалски првак Вардар вечерва од 19 часот и 45 минути на „Националната арена во Букурешт“ и гостува на Стеауа во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите.

Според тренерот Боби Милевски „црвено-црните“ подготвени го дочекуваат првиот дуел од двомечот со романскиот шампион.

– Од тоа што го забележувам кај сите наши фудбалери овие два дена во Букурешт, дефинитивно сум сигурен дека ќе го дадат максимумот и ќе играат од срце за Вардар, за црвено-црните бои, за своите навивачи и за македонскиот фудбал. Знам дека тоа што го очекувам од нив нема да изостане на теренот, а на крајот се надевам дека ќе биде доволно да се извлече поволен резултат против моќниот противник, истакна Милевски по синоќешниот тренинг.

Освен средбата Стеауа – Вардар денеска се играат уште седум први натпревари од 2.коло во квалификациите за ЛШ.

Двојките се: Плзен – Железничар, БАТЕ – Шахтјор, Динамо Тбилиси – Стрејмур, Екранас – Хафнарфјордур, Тираспол – Сутјеска, Биркиркара – Марибор и Фола – Динамо Загреб.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска