Вардар повикува да престанат тенденциозните напади од страна на некои медиуми

Од:

Не престануваат реакциите од двете страни по неделното вечно дерби во мак-фудбалот меѓу Пелистер и Вардар кое заврши со победа на „црвено-црните“ од 2:1. Денеска преку соопштение во врска со настанатат ситуација по овој натпревар, за првпат се огласија и од таборот на Вардар и побараа да запрат неоснованите атаци од некои спортски медиуми кон нивниот клуб.

– Не сакајќи да навлегуваме во кредибилитетот на дел од спортските медиуми, јасно е дека веќе сериозно се преминува секоја црвена линија со отворен напад кон еден од македонските спортски брендови, поради што овој пат ФК Вардар, по сите претходни тенденциозни пишувања, а посебно по пишувањата околу случувањата на дербито со ФК Пелистер, неизбежно мора да реагира бранејќи го името на клубот, секој поединец во него, но пред се неговиот бренд и традиција, се вели во соопштението од ФК Вардар.

Во него се бара да не се омаловажуваат трудот и постигнувањата на фудбалерите носејќи го дресот на најтрофејниот македонски фудбалски клуб.

– Последното омаловажување на победата на ФК Вардар остварена на големата дерби пресметка во Битола против ФК Пелистер е само уште еден показател за тенденциозноста и необјективноста на дел од медиумите кои сега директно „удираат“ кон вредноста и заслугите на фудбалерите, нивниот труд и максимално залагање во одбраната на црвено-црните бои. Затоа неизбежно се прашуваме, дали целта на спортските медиуми треба да биде непризнавање и деградирање на се што е вредно во македонскиот спорт, уништување на желбата кај фудбалерите за спортско надигрување и погазување на секој индивидуален и колективен успех.

Раководството на клубот уште пред дербито застана со комплетна поддршка до сите играчи и тренерот, а сега јавно им го четситаа успехот ипостигнатиот резултат во Битола.

– Во однос на остварената победа на ФК Вардар над ФК Пелистер би сакале уште еднаш да ги искажеме честитките кон нашите фудбалери и стручниот штаб за нивниот максимален ангажман, колективност и храброст, кои успеаја да доминираат во текот на целиот натпревар и да триумфираат и покрај грубата игра на противничките фудбалери, големиот притисок од трибините кој кулминираше со физичкиот напад врз вардаровиот фудбалер Един Адемовиќ од страна на домашен навивач во тек на самата игра и нападот на помошниот судија со предмети од трибината. Укажуваме пред целупната македонска јавност дека ФК Вардар цврсто ќе опстои и натаму во одбраната на црвено-црните бои, искрено очекувајќи тимот да продолжи со ваквата храбра и пожртвувана игра до крај на домашното првенство и да успее повторно да ја освои шампионската титула во Македонија, изјавуваа од Вардар.

Македонскиот шампион во неделата победи со 2:1. Во последните моменти од средбата Пелистер даде гол, но судиите го поништија поради „офсајд“ позиција, одлука што предизвика полемики во спортската јавност. Сепак, дека одлуката на судиите била правилна со свој став излегоаа и надлежните од ФФМ преку комесарот присутен на дербито на стадионот „Тумбе Кафе“.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска