Вардар остана на првата позиција

Од:

Шампионот Вардар остана на првата позиција на табелата во Првата лига и по некомплетното 17. коло.

Натпреварот Дрита – Вардар не се одигра поради тешките услови и премногу вода на теренот во Боговиње, па судијата Марјан Маркоски заедно со играчите на двата тима се повлекоа во соблекувалните. Според пропозициите, ако постојат услови натпреварот треба да се одигра во рок од 24 часа од прво закажаниот термин.

На дербито во Тетово, Шкендија и Напредок одиграа без победник 2:2, иако гостите од Кичево во два наврати имаа водство. Нерешено 1:1 заврши и натпреварот во Штип, Брегалница – Хоризонт Турново и на овој натпревар водството го имаа гостите. Победи од 2:1 постигнаа Металург и Пелистер на домашен терен.

На „Железарница“ во Скопје, Металург го совлада градскиот ривал Работнички, додека под „Тумбе кафе“ во Битола, Пелистер беше поуспешен од последнопласираниот Тетекс.

Во Кратово, Силекс ја оствари четвртата победа во шампионатот совладувајќи ја Ренова со 1:0.

Табела: Вардар 32 бода (натпревар помалку), Хоризонт 32, Металург 30, Напредок 30, Шкендија 29, Брегалница 24, Дрита 23 (натпревар помалку), Ренова 20, Пелистер 18, Работнички 18, Силекс 15, Тетекс 9.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска