Вардар му го нанесе првиот пораз на Борец на домашен терен оваа сезона

Од:

Лидерот на табелата во Првата македонска фудбалска лига, тимот на Вардар, попладнево го победи Борец со 1:0. Стрелц на победничкиот гол за „црвено-црните“ беше Даниел Аврамовски во 33. минута.

За велешани ова беше прв пораз на свој терен оваа сезона.

Со новите три бода Вардар има 42 зголемувајќи ја разликата на 11 во однос на второпласираната Шкендија која утре против Силекс ќе го одигра својот натпревар од 20.коло.

Борец остана на 20 бода за во моментов 8. место.

Другите средби од 20.коло во ПМФЛ:
Македонија ЃП – Академија Пандев
Работнички – Шкупи
Ренова – Струга
Силекс – Шкендија.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска