Македонскиот фудбалски шампион Вардар го доби шампионот на Романија и поранешен европски првак Стеауа за противник во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите.
Романскиот шампион е трет по рејтинг според рангирањето на УЕФА на екипите што ќе играат второ коло квалификации и беше најтешкиот можен противник за „црвено-црните“ од петте потенцијални ривали.
Стеауа има коефициент 35,6 додека Вардар е рангиран на 27.место со коефициент 2,05.
Првиот натпревар ќе се игра во Букурешт на 16/17 јули, а реваншот е во Скопје на 23/24 јули.
Вардар лани во квалификациите од најелитното фудбалско европско натпреварување беше елиминиран од Бате Борисов.
За 13 часот е закажано извлекувањето на двојките во Лига Европа. Македонски пртеставници се Металург, Хоризонт Турново и Тетекс.