Вардар им се заблагодари на навивачите за поддршката на дуелот со Динамо

Од:

Управата на фудбалскиот клуб Вардар денеска преку соопштение им се заблагодари на навивачите од цела Македонија кои синоќа беа присутни на „Филип Втори“ и ги бодреа „црвено-црните“ на дуелот со Динамо кој загрепчаните го добија со 2:1.

Соопштението од ФК Вардар го објавуваме во целост:

Почитувани љубители и поддржувачи на Вардар, и сите Вие кои дојдовте вчера во голем број на Арената „Филип Втори“ да го бодриот нашиот тим на средбата против Динамо, сакаме од срце да Ви се заблагодариме за поддршката пред, во текот и после натпреварот против Динамо кој за жал несреќно го загубивме со 1:2. Вие бевте нашиот 12. играч, не бодревте да ја оствариме целта, и во миговите кога имавме негатива од 0:2, не се предававте и живеевте во надеж.

Нема поубаво нешто кога се игра пред исполнети трибини, кога се игра пред верните навивачи „Комити“ кои со песна непрестано ги мотивираа играчите, онака како што ветија ден пред натпреварот. Нашите фудбалери, стручниот штаб дадовме се од себе да дојдеме барем до нерешено, меѓутоа бевте сведоци на многуте шанси во кои немавме среќа барем да го избегнеме поразот кој не го заслуживме.

Вчера на трибините на Арената немаше публика само од Скопје, туку од цела Македонија. Уште еднаш се покажа дека нашата земја сака да гледа квалитетен фудбал. Токму таков имаше синоќа на Арената „Филип Втори“. Веруваме дека уживавте во натпреварот и покрај топлото време, но среќата не дозволи сите заедно да се радуваме уште еднаш, да направиме добар резултат пред реваншот во Загреб.

Ние не се предаваме! Одиме на вториот натпревар, ќе се обидеме да направиме чудо, да направиме сензација и да се пласираме понатаму. Ќе се обидеме да Ви приредиме уште фудбалски уживања на нашата Арена, уште барем еден натпревар од Лигата на шампионите. Знаеме дека ќе биде тешко, но предавање нема! Тоа е единственото што можеме да го ветиме.

Фудбалот е игра во која не секогаш победува подобриот. Вчера не заслуживме да загубиме, но благодарение на нашата верна публика, благодарение на сите искрени љубители на фудбалот ќе успееме некако да поминеме низ овој пораз и да собереме сили за реваншот. Токму Вие ни давате поттик да одиме понатаму, знаејќи дека со нетрпение повторно би сакале да го гледате нашиот тим на меѓународната сцена. Чест е и задоволство за еден тим е да има ваква публика.

Ќе се обидеме да Ви овозможиме повторно да Ве видиме на трибините на „Арената“, следниот пат со надеж за повеќе среќа и поголема радост. Затоа што Скопје и Македонија навиваат за Вардар.

Би можело да ве интересира

Комити им се заканија на Арсовска и на Славески: Исплатете ги парите или ќе се радикализираме

ФК Вардар доби свој дом во Аеродром, пуштен во употреба новиот фудбалски терен наменет за младинската школа на клубот

А1он

Муцунски: Вардар и Комити добиваат нов спортски терен во Аеродром, поддршката за клубот продолжува и во иднина

Бугарската Фондација не се откажува: Вардар не искористи, влегуваме во Втора или Трета лига со 120.000 евра

Орце Костов

ЛДП: ФК Вардар е симбол на државата, затоа ја поздравуваме поддршката на политичките партии за клубот

ЛДП обезбеди финансиска поддршка на ФК Вардар во Град Скопје