Вардар и Тетекс подготвени за Суперкупот

Од:

Со натпреварот меѓу шампионот Вардар и куп победникот Тетекс в недела ќе биде отворена сезоната 2013/14 во македонскиот клупски фудбал.

Од таборот на двете екипи најавија борба за освојување на првиот трофеј во новата сезона, но со респектабилни изјави за противникот и претпазливост во изјавите.

– Двомечот со Стеауа останува зад нас. Сега сме фокусирани на Тетекс. Со овој дуел влегуваме во новата сезона. Верувам во успех, моите играчи се максимално подготвени, рече тренерот на црвено-црните Боби Милевски на денешната заедничка прес-конференција и не сакаше да ја прифати фаворитската улога.

Новиот предводник на тетовчани, Бојан Захариев беше умерен оптимист, шансите за победник ги оцени со 50-50 и додаде дека оптимизмот и реалноста не се секогаш исти.

– Вардар е квалитетна екипа и секогаш претставува дополнителен предизвик за Тетекс. Дуелот со актуелниот шампион за мене е голем предизвик, бидејќи само два дена сум на новото работно место. Се соочуваме со неколку измени во однос на составот со Пјуник поради тоа што дел од играчите најавија заминување, изјави Захариев.

На прес-конференцијата беа присутни и капитените на двете екипи.

Раденко Бојовиќ од Вардар побара неговите соиграчи да атакуваат на трите титули во новата сезона, бидејќи како што рече, Вардар е бренд мора секогаш целта да му биде освојување трофеи.

Капитенот на Тетекс Златко Ристов се согласи дека противникот има силен тим, но го нагласи и квалитетот на неговите соиграчи.

Суперкупот Вардар – Тетекс ќе се одигра в недела на „Филип Втори“ во Скопје со почеток од 20 часот.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска