Вардар го совлада Татран Прешов во СЕХА лигата

Од:

Македонскиот првак Вардар го совлада Татран Прешов со 26:27 на гостувањето во Словачка во рамки на третото коло во СЕХА лигата.

По воведните минути во кои се играше гол за гол, словачкиот тим успеа да воспостави минимална предност од два гола благодарение на грешките на ракометарите на Вардар.

Но, на десетина минути пред крајот на првото полувреме, Вардар успеа да ја консолидира играта, направи серија од неколку гола за резултатски пресврт и на паузата замина со предност од 10:13.

До средината на второто полувреме, Варадар имаше поголема контрола на теренот и со резултатските осцилации успеваше да одржува предност. Потоа имаше пад во играта на ракометарите на македонскиот првак, кои направија многу грешки и дозволија на три минути пред крајот на натпреварот Прешов да израмни.

Голманот на Вардар Дејан Милосављев имаше одлична серија од интервенции, вклучително и во последниот напад на словачките ракометари и на македонскиот тим му донесе победа од 26:27.

Врадар по три кола во регионалната лига има три победи.

Би можело да ве интересира

Борко Ристовски е нов извршен директор на РК Вардар, Столе Стоилов помошник тренер

ВИДЕО: Полицаец со пендрек го удри репрезентативецот Филип Талески

Ана Ололовска

ВИДЕО: Инциденти на ракометно дерби, прекинат натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер

Горан Наумовски

Вардар нема да оди на шеста СЕХА титула по пенал-драмата со Нексе

Манасков се врати во Вардар

Дибиров: Сакав да останам во Вардар, но ситуацијата стана мачење