„Вардар“ го совлада „Алборг“ за втора победа во Лигата на шампиони

Од:

Ракометарите на „Вардар 1961“ ја забележаа втората победа сезонава во Лигата на шампиони, откако триумфираа вечерва во Скопје над данскиот првак „Алборг“ со 30-28 (16-16) во рамки на третото коло од групата А.

Македонскиот шампион беше во негатива од четири голови разлика на средина од првиот дел (7-11), но, во продолжението го подигна квалитетот во играта и влезе во завршните пет минути од натпреварот со идентична предност (28-24).

Серијата на Алборг од 4-1 внесе неизвесност во самиот финиш, но Вардар одолеа до самиот крај за да му го нанесе првиот пораз на тимот од Данска во групната фаза.

Најефикасен во редовите на македонскиот шампион беше Тимур Дибиров со девет голови.

По некомплетното трето коло, „Вардар“ е лидер на табелата во групата А со пет бодови, пред следниот предизвик против француски „Монпеље“, на 13 октомври, исто така, во салата „Јане Сандански“.

Би можело да ве интересира

Борко Ристовски е нов извршен директор на РК Вардар, Столе Стоилов помошник тренер

ВИДЕО: Полицаец со пендрек го удри репрезентативецот Филип Талески

Ана Ололовска

ВИДЕО: Инциденти на ракометно дерби, прекинат натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер

Горан Наумовски

Манасков се врати во Вардар

Дибиров: Сакав да останам во Вардар, но ситуацијата стана мачење

Вардар не го дава ракометниот трон на Македонија

Катерина Ѓуровски