Шампионот Вардар поладнево, во четвртфиналната фаза од фудбалскиот Куп на Македонија, на гостувањето во Битола го совлада Пелистер со 1:0.
Предност пред реваншот во Скопје на „црвено – црните“ им донесе Филип Петров со голот во 79. минута.
Овој натпревар првично требаше да се одигра на 14 октомври, но беше одложен поради обврска кон репрезентацијата на двајца вардарови фудбалери.
Порано се одиграа другите три први натпревари од четвртфиналето во ова натпреварување.
Постигнати беа следниве резултати:
- Шкендија – Металург 1:0
- Тетекс – Ренова 0:0
- Дрита – Силекс 1:2
Реваншите ќе се одиграат 21 ноември.