Вардар го победи Флензбург, во Скопје ќе брка историја

Од:

Македонскиот ракометен шампион Вардар постигна победа на првиот натпревар од четвртфиналето од Лигата на шампионите на гостувањето кај бундеслигашот Флензбург со 26:24.

Македонскиот првак во 15-тата минута водеше со 6:5, а брзо потоа со серија од четири голови „црвено-црните“ водеа со 10:5. На полувреме Вардар имаше шест голови предност (15:9).

Во вториот дел македонскиот шампион во два наврати водеше со седум голови разлика (16:9 и 17:10), но Флензбург со две серии од 3:0 во 50. минута намали на 21:23. На крајот од натпреварот разликата остана два гола за нашиот тим.

Најефикасни кај „црвено-црните“ беа: Алекс Душебаев и Лука Циндриќ со по 5 голови, а голманот Арпад Штербик имаше 16 одбрани.

Реванш дуелот Вардар – Фелнзбург се игра во четврток (27 април) во СЦ „Јане Сандански“.

На вториот натпревар од четвртфиналето одигран попладнево Веспрем – Монпеље 26:23 . Утре се играат другите два четвртфинални натпревари Кил – Барселона и ПИК Сегед – ПСЖ.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он