Вардар есенски шампион

Од:

Актуелниот македонски фудбалски шампион Вардар, на коло пред крајот на есенската полусезона го обезбеди првото место, откако попладнево ја совлада Дрита со 1:0.

Единствениот гол на денешниот натпревар одигран во Тетово го постигна Борче Маневски во 87. минута.

Дуелот требаше да се одигра во неделата во Боговиње, но беше одложен поради лошиот терен од обилните врнежи дожд.

Пред одигрувањето на натпреварите од последното 18. коло во оваа полусезона Вардар има три бодови предност пред Хоризонт Турново, подобар меѓусебен биланс и убедливо подобра гол разлика, па со сигурност ќе ја освои есенската шампионска титула.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска