Вардар есенски првак, Ибраими рекордер

Од:

Вардар триумфираше на гостувањето кај Академија Пандев со убедливи 3:0 и остана непоразен во меѓусебните дуели со овој струмички клуб.

Победата на вардаррци значи дека се есенски шампиони на полусезоната во првата македонска фудбалска лига. Поразот на струмичани го искористи Шкендија, која сега се искачи на втората позиција. Бесарт Ибраими даде два гола и го надмина Баже Илиоски на првото место на вечната листа на стрелци во прволигашката конкуренција.

РЕЗУЛТАТИ: Академија Пандев – Вардар 0:3, Борец – Ренова 1:0, Работнички – Силекс 1:1, Шкендија – Шкупи 4:0. Вчера: Македонија Ѓорче Петров – Струга Трим Лум 1:1.

ТАБЕЛА: Вардар 35 бода, Шкендија и Академија Пандев по 27, Силекс 24, Македонија Ѓ.П. и Струга по 23, Шкупи 22, Борец 19, Ренова 16, Работнички 15.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска