Вардар денеска слави, утре ќе го поправа впечатокот од Букурешт

Од:

Македонскиот фудбалски шампион Вардар денеска слави 66 години постоење, а утревечер против Стеауа ќе го одигра реваншот од 2.коло во квалификациите за Лигата на шампионите и ќе се обиде да го поправи впечатокот од првиот дуел во Букурешт кога романскиот претставник славеше со 3:0.

За дуелот со романскиот претставник многу подобро издание на своите избраници очекува тренерот Боби Милевски.

– Имавме лош ден на првата средба и не верувам дека уште еднаш може да ни се повтори играта од Букурешт. Бараме поддршка од трибините, а нашите играчи ќе го дадат максимумот. Ние се надеваме на подобар резултат, но сепак Стеауа е силен тим, ги казнуваат нашите грешки, а до нивниот гол тешко се стигнува. Важно е сите наши фудбалери што ќе истрчаат на теренот да се ангажираат максимално и да покажат дека и ние знаеме да играме фудбал, изјави Милевски на денешната прес-конференција.

Капитенот Раденко Бојовиќ со свое видување за реванш натпреварот.

– Сите знаат што значи Стеауа. Ние не успеавме да постигнеме добар резултат, загубивме со 3:0. Но, тоа головите во Букурешт беа по нашите грешки. Но, ќе напоменам додека има шанса да се бориме ние ќе го правиме тоа со цел да го направиме и невозможното. Се надевам дека публиката која ќе биде присутна на трибините ќе знае да не награди за нашата борбеност, независно од резултатот.

Натпреварот Вардар – Стеауа ќе се одигра утревечер од 20 часот и 45 минути на „Национална Арена Филип Втори“ во Скопје.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска