Системот за видео помош на судиите ВАР ќе биде во функција на натпреварите што репрезентацијата на Македонија ќе ги игра против Финска и Азербејџан во Белек, Турција.
– Тамошната фудбалска федерација го воведува ВАР-системот за натпреварите кои ги организираат во националното првенство, а меѓу првите тест дуели на кои ќе го користи системот на видео асистенти ќе бидат на македонската репрезентација, соопшти ФФМ.
„Црвено-жолтите“ на 23 март на „Глорија“ арена против Финска и четири дена подоцна на „Мардан“ арена против Азербејџан.