Робин ван Перси се чувствувал мизерно од стартот на престојот на Дејвид Мојс во Манчестер Јунајтед и тоа се одразува на неговата игра.
Тој беше катастрофален при поразот со 0:1 од Ливерпул во неделата, и според запознаени токму односот кон работата на менаџерот е причина за тоа.
“Робин не е среќен и тоа се одразува на играта на теренот. Кога тој е разочаран, тоа јасно се гледа за време на натпреварите. Тој смета дека ништо во клубот не е исто со новиот менаџер и навистина му недостасува работата со Сер Алекс Фергусон. Робин не ги сака некои од методите на Мојс“, изјави човек близок до ѕвездата за “Дејли Стар”.