Ван Никерк ја одбрани титулата светски првак во трката на 400 метри во Лондон

Од:

Светскиот рекордер Вејд Ван Никерк од Јужна Африка ја одбрани титулата светски првак, откако синоќа на Светското првенство што се одржува во Лондон триумфираше во трката на 400 метри.

Тој постигна време од 43.98 секунди и најави дека ќе се обиде да освои златен медал и во трката на 200 метри. Второто место му припадна на Стивен Грејднер од Бахами, а трет беше Абдалелах Харун од Катар.

Во трката на 800 метри кај мажите Французинот Пјер-Амбосе Босе беше најбрз со време 1:44.47 минута и го освои златниот медал. Втор целта ја мина Полјакот Адам Кчот, а трет Кипјегон Бет од Кенија.

Атлетичар од Кенија победи во трката 3.000 метри стиплчез. Консеслус Кипруто до првото место стигна со време 8:14.12 минути, пред Суфијане Ел Бакали од Мароко кој го освои сребрениот медал, а бронзата му припадна на Американецот Ејван Џегер. Кипруто на претходното СП беше второпласиран.

Барбора Шпотакова од Чешка копјето го фрли со далечина од 66.76 метри за прво место, пред двете претставнички од Кина. Ли Лингвеи и Лиу Хуихуи.

Во дисциплината скок со стап победи Американецот Сем Кендрикс, кој прескокна височина од 5.95 метри. Второто место поради подобрата серија го освои Пјотр Лисек од Полска, а трет беше Рено Лавение од Франција. Двајцата имаа скокови од 5.89 метри.

Денеска на програмата се три финални дисциплини: фрлање ѓуле и 400 метри кај жените и 400 метри со пречки кај мажите.

Би можело да ве интересира

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“

Срамно однесување на италијанскиот спортист: Го престигна Германецот и го понижуваше

Предраг Петровиќ

Литванецот Миколас Алекна го собори најдолгогодишниот светски рекорд во машка атлетика

Предраг Петровиќ

Почина познатата Британка Лесли Вотсон

Горан Наумовски

Шанкуле победничка на мундијалскиот маратон во Будимпешта

СП атлетика: Злато за Ворхолм, Кер, Паулино, Мун и Кенеди