Ван де Бик бил договорен за Реал, коронавирусот ја уништил зделката

Од:

Играчот за врска на Манчестер Јунајтед, Дони ван де Бик бил договорен за Реал Мадрид, но кризата со коронавирусот го уништи неговиот трансфер. Ова го откри агентот на играчот Сајак Сварт, откако неговиот клиент парафираше со клубот од „Олд Трафорд“.

– Имаше интерес од многу екипи – Реал Мадрид, Барселона, Јувентус, Арсенал… Во март беше договорено дури и сè за неговото заминување во Реал, но потоа избувна пандемијата и сè беше одложено. Клубот веќе немаше приходи и тие не можеа да продаваат. Затоа сè се смени, призна менаџерот.

Сега членот на репрезентацијата на Холандија потпипа со Јунајтед за 5 + 1 сезони. За него, Ајакс ќе добие 39 + 5 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика