Играчот за врска на Ајакс, Дони ван де Бeк е на чекор од трансфер во Манчестер Јунајтед, тврди италијанскиот новинар Фабрицио Романо.
Според него, сите документи меѓу двата клуба се веќе потпишани и играчот само треба да ги помине лекарските прегледи. Потоа тој ќе потпише договор со „црвените ѓаволи“ до 2025 година, што ќе се случи во следните неколку часа.
Се проценува дека износот на трансферот на договорот ќе биде 40-45 милиони евра.
Во меѓувреме, „Де Телеграф“ информираше дека 23-годишниот играч за врска го пропуштил денешниот тренинг на селекцијата на Холандија, и ги потврдил зборовите на Романо за лекарските прегледи.